spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Бесплатен офталмолошки преглед за првачињата

Ѓорче Петров: Бесплатен офталмолошки преглед за првачињата

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски со генералниот менаџерот на Санте Плус Хоспитал Груп, Др. Билал Кара, потпиша Меморандум за воспоставување соработка, каде што ќе се обезбедат бесплатни услуги за офталмолошки прегледи за учениците што ќе се запишат во прво одделение во основните училишта во општина Ѓорче Петров во учебната 2021/2022 година.
„Би сакал да му се заблагодарам на сопстеникот Билал Кара како и на целиот тим на Санте Плус Хоспитал Груп, особено што во време на пандемија се одлучија на ваков хуман гест. Со потпишувањето на овој Меморандум за соработка ќе обезбедиме бесплатни офталмолошки прегледи за околу 450 првачиња што треба да се запишат во општинските училишта во Ѓорче Петров, со што оваа здравствена услуга станува подостапна а истовремено и бесплатна во приватниот сектор“,изјави Наумоски.
Во новиот Закон за основното образование е предвидено при упис во училиште да се доставува и потврда за офталмолошки преглед бидејќи раниот скрининг и детекција на оштетување на видот значително може да го помогне третманот и во одредени случаи да спречи целосно слепило.
„ Соработката со општина Ѓорче Петров е на високо ниво и ни претставува задоволство што можеме да дадеме свој придонес во овозможувањето непречен пристап до образованиот процес за најмалдите“ рече доктор Билал Кара, главен менаџер на Санте Плус Хоспитал.

Прегледите ќе се вршат во Санте Плус Хоспитал 2 со седиште на Бул. Партизанска бр. 42 во период:
Понеделник и Среда од 14:00-20:00 часот и
Вторник, Четврток и Петок од 08:00-16:00 часот,
со најава на следниов телефонски број 070 309 182.

Уписот на ученици во прво одделение во општинските основни училишта ќе трае до 31 мај. Покрај потврдата за офталмолошки преглед, родителите треба да достават и потврди за вакцинален статус и извршен стоматолошки преглед, како и лична карта од родител. Родителите ќе можат да ги достават потребните документи со физичко присуство или електрoнски преку официјалната веб-страница www.uslugi.gov.mk.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...