spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: „Изградба на фекална канализација во с.Мустафино“

Свети Николе: „Изградба на фекална канализација во с.Мустафино“

Во Министерството за животна средина и просторно планирање потпишан е договор за доделување на средства од министерството за проектот „Изградба на фекална канализација во с.Мустафино“ – крак 32.

Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 6.849.564 денари , од кои Министерството  ни одобрува 4.000.000 денари , а останатите 2.849.564 денари ќе бидат од општина Свети Николе.
Со ова започнуваме со решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните од с.Мустафино за изградба на фекална канализација.

Во наредниот период ќе конкурираме со соодветната проектна документација за комплетирање и реализација на целиот проект и покривање со канализациона мрежа за с.Мустафино.

Извор: Општина Свети Николе

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...