spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: Изградба на фекална канализација со пумпна станица Фаза 1 на...

Свети Николе: Изградба на фекална канализација со пумпна станица Фаза 1 на потегот позади Здравствен дом „Г.Гаврилски“

Се стартува со реализација на уште инфраструктурен проект „Изградба на фекална канализација со пумпна станица Фаза 1“ на потегот позади Здравствен дом „Г.Гаврилски“ во Свети Николе.

Вредноста на инвестициските работи е во износ од околу 2.000.000 денари и истите се обезбедени од буџетот на општина Свети Николе.

Со реализацијата на овој проект се решава повеќедеценицскиот проблем на граѓаните од овој дел на Свети Николе со отпадните води. Истиот во оваа фаза предвидува пумпна станица , 13 канализациони шахти и канализациони цевки во должина од 500м.

Изведувач на градежните работи е Баџак инжинеринг и ЈКП Комуналец.

Извор: Општина Свети Николе 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...