Почитувани,
Денес во Собранието на Република Македонија почна постапката за донесување на Законот за вршење сметководствени работи со европско знаменце. Како по обичај, така и сега се злоупотребува Комисијата за европски прашања и закони од област на други работни тела се разгледуваат по забрзана постапка.
За појаснување од Влада се повикуваат на усогласување со директива која не ја уредува сметководствената дејност. Но, тоа е најмал проблем кога е во прашање овој Закон.
Имено, со Законот за вршење сметководствени работи се предвидува државен упад во бизнисите. Како е тоа предвидено?
Власта формира Совет за унапредување и надзор на сметководствената професија составен од пет члена, од кои тројца се на предлог на министерот за финансии. Овој Совет во своите ингеренции има надлежност да спроведе контрола на работењето на сметководителите т.е. друштвата за вршење сметководствени работи и трговци поединци сметководители.
Ваквите одредби се крајно неевропски и асоцираат на едно друго државно уредување во кое се контролира целосно работата на приватниот сектор.
Советот кој го формира Владата, тој не е независен.
Следна клучна забелешка се однесува на тоа дека по донесување на Законот ќе се направи промена во раководството на Институтот на сите сметководители, а новиот в.д. претседател ќе го одбере ад хок комисија која ја формира Советот што го формира Владата.
Поради овие и многу други забелешки кои ги доставија до нас сметководителите баравме и добивме ветување од владинито парламентарно мнозинство дека ќе се одржи јавна расправа во следниот период на кој ќе бидат повикани сите заинтересирани страни.
Извор: ВМРО ДПМНЕ