spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ

Куманово: Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ

Градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината остварија средба со членките на Здружението на ЖРК Куманово-активни ветеранки.

Целта на средбата беше иницијатива од страна на Здружението за организирање на Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќкоја беше активна во 60 тите години, носејќи му успеси на матичниот клуб.

Нејзината умешност како белег на женскиот ракомет во Куманово, остави значајни резултати.Поттикнати од нејзините заслуги за успесите на овој клуб, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, ќе биде реализиран Меморијален турнир во нејзина чест.Во текот на идниот месец, на реконструираното спортско игралиште во Соколана, на ревијалниотнатпревар на ветеранки на ЖРК, ќе учествуваатракометарки од повеќе генерации на клубот.

Димитриевски истакна дека ова е вистински начин да се сочува споменот, трудот и придонесотна заслужните спортисти, како пример за идните генерации, кои имаат намера активно да се вклучат во спортскиот живот.

 

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...