spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Соопштение

МТВ: Соопштение

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски го распиша третиот јавен повик од проектот за Поврзување и санација на локални улици и патишта во општините низ земјата.

 

Овој повик опфаќа реконструкција и санација на 17 локални улици и патишта во 10 општини и тоа три улици во општина Штип, по една улица во Пехчево и Валандово, две улици во општина Градско, по три улици во Дојран и во општина Ново Село, и по една улица во Врапчиште, Липково, во Чаир и Шуто Оризари.

 

Вкупната инвестициска вредност за санација на овие локални улици изнесува 5 милиони евра.

 

Овој јавен повик е дел од Проектот за поврзување со локални улици и патишта преку кој Министерството за транспорт и врски вложува 70 милиони евра во локалните самоуправи за реконструкција на преку 450 километри локални улици и патишта.

 

Во рамките на првите два повика од овој Проект се реконструираат повеќе од 60 километри улици во над 35 општини низ државата.

 

Министерството за транспорт и врски и во наредниот период продолжува активно да ги поддржува локалните самоуправи преку различни инфраструктурни програми.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...