spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Подобрување на услугите и низа олеснувања за граѓаните на Шуто...

Водовод Скопје: Подобрување на услугите и низа олеснувања за граѓаните на Шуто Оризари

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје.

Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни.

 

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...