Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците
- ДБ (Даночен биланс),
- ДБ-ВП (Даночен биланс за вкупен приход),
- ДБ-НП/ВП (Даночен биланс за непрофитни организации),
- ДЛД-ДБ (Годишен даночен биланс за утврдување на доход од вршење самостојна дејност), и
- Б (Биланс на приходи и расходи)
до 10 март 2022 година за поднесоци во хартиена форма, односно до 25 март 2022 година за поднесоци во електронска форма.
Согласно одлуката на Централен регистар на РСМ за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка за 2021 година, Управата за јавни приходи информира дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, ,,ДБ-ВП”, ,,ДБ-НП/ВП”, ,,ДЛД-ДБ” и ,,Б” чиј рок на поднесување е усогласен со рокот на поднесување на завршна сметка.
Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2021 се продолжува до 25 март 2022 година.
Корисни информации:
- Образец ДБ (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/60)
- Образец ДБ-ВП (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/65)
- Образец ДБ-НП/ВП (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/203)
- Образец ДЛД-ДБ (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/207)
- Образец Б (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/214)
Извор: Управа за јавни приходи