spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески на средба со правниот советник во амбасадата на САД,...

МП: Министерот Тупанчески на средба со правниот советник во амбасадата на САД, Кол Радовиќ и директорката на ИНЛ секцијата, Кетцман

Министерот за правда д-р Тупанчески одржа работен состанок со директорката на Бирото за меѓународна борба против наркотици и сороведување на законите  (ИНЛ) и со правниот советник во амбасадата на САД во земјава, Кол Радовиќ.

На состанокот беше дискутирано за досегашната и идната соработка во областа на правосудството, како и за следните приоритети на Министерството за правда за градење на транспарентен, ефикасен и професионален судски систем.

Министерот Тупанчески се заблагодари за американската поддршка во спроведувањето судските реформи и за подобрување на владеењето на правото, особено преку проектите поддржани од ИНР.

Во таа насока министерот ја издвои поддршка и отворена соработка и помош на затворскиот систем, на судовите и Судско – медиумскиот совет, како и поддршката што ја добиваме во процесот на дигитализација, преку обезбедување на експерти за оценка на потребите  од ИТ технологија за сите судови и судници во рамки на дигитализацијата на судовите.

На средбата беше разговарано за новата Стратегија за реформа на правосудниот  сектор ( 2023-2027 ), за борбата против корупцијата, кој ќе биде еден од приоритетите во работата на Министерството за правда, како и за европскиот пат на Северна Македонија.

Тимот од амбасадата на САД ја поздрави досегашната соработка со Министерството за правда и констатираа дека експертската и финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ),продолжува за имплементација на клучните реформи во правосудниот сектор.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...