Почитувани граѓани, и вработени во администрацијата и јавниот сектор,
Деновиве актуелна тема во Македонија се платите на администрација и јавниот сектор, дали да се зголемат или не…?
Тимот на Javnaadministracija.mk својот став и преку факти за целата ситуација ќе ја прикаже преку оваа статија.
Во Јавниот сектор – Образование во Македонија официјално имаме 35.740 вработени.
За просечната плата на овие вработени официјален податок немаме, но неофицијално таа изнесува од 21.000 денари до 24.000 денари.
Согласно синдикатите во Македонија и самите вработени во администрацијата, тие бараат колку се зголемува минималната плата, толку да се зголеми нивната плата, односно 20% или 3000 денари.
Па согласно горенаведеното, ако земеме дека тоа би изнесувало по вработен во администрацијата 27.000 денари нето просечна плата, што не е толку, државната каса во Македонија би ја чинело околу 16 милиони евра месечно или 193 милиони евра годишно на буџет од 4.5 милијарди евра.
Тоа изнесува САМО околу над 4 % од буџет на Македонија за вработените во Јавниот сектор – Образование.
Притоа од таа плата што ја земаат вработените во целата државна администрација 70% до 75 % ја даваат и ја користат во приватниот сектор, дали за основни или дополнителни потреби (Сметки за својот дом, Кредит во Банка, Храна, Образование и Спортски активности, Нафта, Одмори, Инвестии за решавање на место за живеење …итн)
ПЛАТИТЕ во Јавниот сектор треба да се зголемат, но и ТРЕБА да се има метод и системски начин како тоа да се направи, ЗА СЕГА но и за ПОНАТАМУ…
Тимот на Javnaadmistracija.mk во следната статија ќе напише и за ПЛАТИТЕ во останатите дејности во Јавниот сектор – Очекувајте не и борете се за вашите Права и Плати, ОД ВАС ЗАВИСИ.
Извор: Javnaadministracija.mk