spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиБабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна...

Бабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна и нецелосна декларација на производите

Врз основа на лани спроведените скоро 50 илјади инспекциски контроли, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветна и нецелосна декларација на производите и доведување во заблуда на потрошувачите. Притоа се изречени осум забрани за пуштање во промет на храна, 35 наредби за отстранување на утврдените недоследности со контролите, издадени се осум наредби за повлекување и отповикување на производи, 12 од наредбите се однесувале за уништување на храна, а изречени се и четири опомени. Во рамки на спроведените контроли и утврдените недоследности во однос на означувањето на храната, издадени се 11 прекршочни патни налози и две мерки едукација, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

На конференцијата „Нутриформ етикетирање: Формула за  одговорно информирање на потрошувачите“, Бабовски истакна дека во Република Северна Македонија означувањето е задолжително за секој производ. Во спротивно, производот се смета за небезбеден, бидејќи не ги содржи основните податоци кои му се потребни на потрошувачот.

 

Обврска на операторите со храна е да гарантираат пред инспекциските служби и потрошувачите дека пуштаат на пазарот безбедни производи, вклучително и производи кои се соодветно означени. Означувањето треба да е јасно, прецизно и да не го доведува потрошувачот во заблуда, а го вршат операторите со храна, односно производителот. За податоците од декларацијата за увозните производи, пак, одговорен е операторот со храна, напомена Бабовски.

 

Според него, АХВ врши надзор над операторите со храна во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите. Се вршат континуирани контроли на пазарот и доколку се констатираат недоследности и во делот на означувањето, на операторите им се наложува во определен рок да ги отстранат. Доколку не се постапи по наложеното, производите се повлекуваат од промет.

 

До Одделението за заштита на потрошувачите во 2021 година беа поднесени вкупно 418 претставки, од кои две конкретно се однесуваа на несоодветно означување на производи. Во рамки на спроведените постапки изречени се соодветни мерки, издадено е решение и изречена е паричка казна, а како небезбедни поради несоодветно означување нештетно се уништени вкупно 51,5 килограми храна, нагласи директорот.

 

Новите  европски правила за информациите поврзани со храната кои се имплементирани и во македонското законодавство опфаќаат општи принципи за означување, презентирање  и рекламирање на храната, како и општи и посебни барања за информациите на означувањето на храната и одговорностите на операторите со храна во однос на обезбедувањето  информации за храната. Информациите, пак, кои се поврзани со храната и кои треба да бидат на означувањето, се поделени во три категории: задолжителни, дополнителни и доброволни.

Рафаеле Ди Лутио  од здружението ФЕДЕРАЛИМЕНТАРЕ на конференцијата го објасни италијаскиот предлог за декларирање на храната „Нутриформ“, кој како што рече, дава информација за хранливите вредности на производот. Италијанскиот модел, додаде тој, е предложен и елабориран во Европската комисија како алтернатива за францускиот модел „Нутрискор“ етикетирање.

 

Нутриформ моделот е симболично претставен со знакот на батерија, а има за цел да им обезбеди на потрошувачите јасни и целосни информации за хранливата вредност на производот, со што тие ќе бидат информирани за неговата содржина, а тоа им овозможува разумно да ја изберат храната што ја конзумираат. Секоја табела претставува квантитативен индикатор за содржината на производот во одредена количина (порција) – истакна Ди Лутио.

 

Според Андреа Гизели, директор за истражување  на Италијанскиот истражувачки центар за храна и исхрана – КРЕА, францускиот модел на етикетирање на храната „Нутрискор“, дава брза, пречистена информација во пет различни бои за класификација на прехранбените производи во пет категории: од категорија А (темно зелена), што укажува на највисок нутритивен квалитет, до категорија Е (темно портокалова), што укажува на најнизок нутритивен квалитет. Овој систем на оценување, навидум дава корисни информации, но се пресметува со доделување поени за содржината на 100 грама, па според тоа дава нецелосни податоци, а потрошувачот не може да процени врз база на што се оценети производите.

Игор Спировски од Министерството за здравство на конференцијата се осврна на потребата потрошувачите да имаат комплетна и одговорна информација за храната.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...