spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Национална стратегија за млади

АМС: Национална стратегија за млади

Вчера беше одржана консултативна онлајн средба со претставници на младински организации, организации за млади и младински чадор организации на тема имплементација на постоечката и консултации за изработка на новата Стратегија за млади.

На средбата беше потенцирана потребата од ревизија, посочени беа потешкотиите со кои се соочуваат институциите во имплементацијата, како и идните предизвици кои претстојат.

На средбата беа посочени конкретни насоки кои ќе бидат од корист во спроведувањето но и во изработката на нова стратегијата за млади која ќе биде изработена согласно потребите на младите луѓе.

Постојаната мисија на ОБСЕ ќе ги поддржува процесите во следење и изработка на нова Национална стратегија за млади.

Соработката меѓу АМС и формите на младинско организирање останува на највисоко ниво и заеднички работиме на унапредување на младинските политики.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...