За сите граѓани и целата јавност – Во Македонија официјално во Државната администрацијата, односно во Органите на државна власт вработените се 15.945 лица видно од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година.
Во Македонија во Општините официјално се вработените се 6384 лица видно од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година.
За 2021 година тие ќе добијат најмалку 9.000 денари К-15 согласно ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР за органите на државната управа, стучните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија
Врз основа на горенаведеното ќе се одвојат само 3.349.350 евра од Буџетот на Македонија кој за 2021 година изнесува над 4 милијарди евра.
Извор: Javnaadministracija.mk