spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени субвенциите за индивудуални земјоделци

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за индивудуални земјоделци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 2.332 субјекти исплати околу 51 милиони денари за мерката „Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.“

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека:
„Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат 20 % повисоки субвенции на вкупаната исплатена сума по основни субвенции. “ – информира Бачовски.

Исто така на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени се 26,1 милион денари. Станува забор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.

Преку оваа мерка се овозможува поттикнување за зголемување на сточниот фонд и развој на домашното сточарство. На овој начин дирекно влијаеме врз обезбедување на домашна суровина на месо, производи од месо, млеко, мед.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...