spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваСекој војник е подеднакво вреден, по 20 години целосно решено станбеното прашање...

Секој војник е подеднакво вреден, по 20 години целосно решено станбеното прашање на сите припадници на Армијата

Денеска во Министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одржаа заедничка прес – конференција посветена на доделувањето на купопродажни договори за становите од станбениот фонд на поранешната ЈНА, доделени на припадниците на Армијата пред повеќе декади.

„Денеска ги доделивме договорите за откуп на станови од поранешниот фонд на ЈНА чии корисници се припадници на Армијата и на Министерството. Ова прашање беше отворено повеќе од 20 години што за корисниците на становите значеше неизвесност, понекогаш страв, празни зборови и неисполнети ветувања. Кон средината на минатата година се донесе Закон кој претставува основа за денешните доделени договори“, рече министерката Петровска. Додаде дека во тек е решавање на уште четиринаесетина барања кои заради подолгите административни процедури и обезбедувањето на соодветна документација не се сè уште решени и даде уверување дека и овие барања ќе бидат набрзо позитивно решени.

Со решавањето на прашањето со сопственоста на становите од поранешниот фонд на ЈНА, како и со месечниот станбен надоместок од 9.000 денари кој им се исплаќа на припадниците на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој фонд, се решава станбеното прашање за сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија и се покажува дека секој армиски припадник е подеднакво важен и дека не постои дискриминација помеѓу војниците.

Петровска се заблагодари на сега сопствениците на становите за истрајноста и трпеливоста и им порача дека министерството секогаш ќе биде во нивна поддршка.

„Ви честитам, сега сте свои на своето. Така се создава силна Армија. Така се мотивираат припадници да бидат уште подобри и уште по-посветени во своите задачи. За празни зборови и неиздржани ветувања во Армијата едноставно место нема“, рече министерката.

Министерот Благој Бочварски им честиташе на сопствениците на становите и порача дека со министерката Петровска беа направени вистинските чекори за да се овозможи денеска тие да ги добијат договорите за сопственост.

„Имавме многу отворени прашања како да го решиме ова прашање, но секогаш доаѓавме до ист заклучок дека сите овие лица заслужуваат статус на сопственици на становите во кои живеат и по триесетина и повеќе години, а заради поделбата на тогашните републики, им се скратуваше можноста да остварат право на сопственост“, рече Бочварски.

Потполковникот Тони Јаневски, сопственик на еден од становите порача дека ова е еден од најзначајните животи на сега сопствениците на становите, ден кога се решава едно крупно животно прашање.

„Ова што денеска го добивме во рацете јас и моите колеги не преставува за нас само еден правен договор. Ова е еден момент кој ќе биде прераскажуван уште долго и од нас и од нашите наследници кои ќе продолжат да живеат во овие станови. Чест е денеска да се биде припадник на Армијата и Министерството каде секој припадник е подеднакво вреднуван“, рече потполковникот Јаневски.

Потполковникот Љупчо Каранфиловски, пак, додаде: „како самохран родител, во овој стан одгледав три деца, а сега во него доаѓаат и внуци кои носат смеа и радост во нашите животи. Посакувам сите ние во тие станови да дочекаме и правнуци. Ова навистина е еден од најубавите моменти во нашите животи.“

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...