spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: На 27 јули, ОО Црвен крст- Гевгелија организира крводарителска акција

Гевгелија: На 27 јули, ОО Црвен крст- Гевгелија организира крводарителска акција

На 27 јули, 2022 година, ОО Црвен крст- Гевгелија организира крводарителска акција.

Крводарителската акција, во соработка со Институтот за тансфузиона медицина, ќе биде спроведена во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 10:00 часот до 15:00 часот. Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат, треба да го потврдат својот хуман гест на телефонскиот број: 077 750 120.

ОО Црвен крст- Гевгелија ги потсетува граѓаните кои сакаат да ја даруваат својата крв дека крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите можaт да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.

Вашата капка крв може да спаси нечиј живот, затоа ДАРУВАЈТЕ крв!

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....