Започна изградбата на нова улица во Балинци која ги поврзува централниот дел од населеното место со Горна мала и решава уште еден суштински проблем на граѓаните.
Улица е со должина од 700 метри, ширина од 4 метри и има предвидено решение за атмосферските води.
Претходниот период, овде реализиравме:
? канализационен систем,
? ново ЛЕД осветлување и
? корпи за отпадоци и контејнери, со што беа вклучени во организираниот систем за собирање отпад во општината.
Со изградбата на оваа улица, како и со реализацијата на останатите проекти значајно се подобруваат условите за живот во ова населено место, се отстрануваат неправдите од минатото и рамномерно се распределуваат јавните средства.
Извор: Општина Валандово