Општина Богданци ги известува граѓаните дека поради уредување на режим на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци, односно поставување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците ,,Маршал Тито”, ,,Бранд Петрушев“, ,,Крушевска“ и ,,Изворски“ во Богданци, потребно е да се отстранат сите автомобили од улиците почнувајќи од 09.08.2022 год. (вторник) заклучно со 11.08.2022 год. (четврток).
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.
Извор: Општина Богданци