spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКичево: Јавен повик

Кичево: Јавен повик

Врз основа на Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево и поддршка на здружениа на грѓаните за 2022 година  ( Службен Гласник бр. 6/2022 од 30.06.2022), Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2022 година, наменети за поддршка на културните здруженија

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2022 година, согласно Програмата од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на културните здружениа на грѓаните за 2022 година  бр. 08-1750/2 од 30.06.2022, средства наменети за финансирање на програмски културни активности, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите од Методологијата бр.08-600/24 од 14.03.2016 опишани во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски културни активности, за проекти од следниве категории:

Поддршка на проекти и активности за организирање  на фестивали, одбележување јубилејни настани и значајни датуми, финансирање на културни манифестации, поттикнување на современото творештво и промоција на културното наследство.

2. Предвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2022 година и тоа:

  1. Финансирањето на локалниот интерес во културата на Оштина Кичево, како и реализцијата на оваа програма ќе се одвива како што следува:
  1. Организирање  на фестивали,……………………………………….600 000 ден.
  2. Одбележување јубилејни настани и значајни датуми,………600 000 ден.
  3. Финансирање на културни манифестации,………………………650 000 ден.
  4. Поттикнување на современото творештво,………………………250 000 ден.
  5. Промоција на културното наследство………………………………300 000 ден.
  6. Помагање на манифестациите на младите со
    културни-уметнички и забавно-едукативни содржини……….300 000 ден.

3. Доставување извештај

На културните здруженија ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на здружениа на грѓаните за 2022 година и по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.

4. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат  здруженијата  кои ќе учествуваат на овој повик се:

  • Капацитет на организацијата
  • Релевантност на акцијата
  • Ефекти во средината
  • Одржливост на проектот
  • Сопствено учество во кофинансирање (со време, опрема, човечки ресурси)
  • Конзистентност на проектот (цели-активности-резултати-буџет)
  • Прецизна поделба на улогите на партнерите

5. Потребна документација што здружението треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани:

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Буџет апликација
  3. Решение за регистрација на здружението;
  4. Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Кичево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација ( доколку здружението била корисник на средства доделени од Буџетот на Општина Кичево за 2021 година ).

Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финасиска подршка за проект или манифестација.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево www.kicevo.gov.mk

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во Архивата на општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на културните  здруженија за 2022 година.

Културните здруженијата, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на културните здруженијата кои добиле средства за проектите и активностите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на културните здруженија и Формуларот за предлог –проект и активности  ќе можат да се подигнат од Архивата на општина Кичево и web.www.kıcevo.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кичево 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...