spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаЗапознајте го нашиот колега Александар – Консултант за клиенти во една од...

Запознајте го нашиот колега Александар – Консултант за клиенти во една од филијалите на ИутеКредит

Вербата во себе, посветеноста во извршувањето на работните обврски, храброто прифаќање на предизвиците и несебичното вложување во работата секогаш резултира со многу успеси во иднина!

Александар Тодоровски се приклучи на ИутеКредит во јануари 2022 година, на работна позиција Консултант за клиенти во една од филијалите на ИутеКредит во Скопје. Оттогаш тој постојано се подобрува во своето работење и тоа резултираше со исполнување на поставените цели на компанијата, два месеци по ред. Исто така, тој зема активно учество во промоциите на продуктите и брендот на ИутеКредит, а со тоа многу придонесе и за подигнување на тимскиот дух меѓу колегите на експозитурата Аеродром.

Во прилог следи кратко интервју со нашиот колега.

Како би го опишал типичниот работен ден на позицијата на која работиш?

Одговор: Краток состанок со колегите за дневните обврски,  преглед на новости и информации од тековното работење, проверка на елек.пошта. Организија на работните обврски за денот, разгледување на приоритени апликации  од минатиот ден или претходно закажаните за тековниот ден. Обработка на задачи од различен приоритет. Комуникација со клиенти во филијалата, вршење на телефонски и електронски канали за комуникација. Во кратки црти, ден поминат во телефонски повици и услужување на клиенти во нашата експозитура.

Што најмногу те исполнува во твојата работа?

Одговор: Секој задоволен клиент кој ќе излезе и повторно влезе во Иуте Кредит со насмевка. Секој клиент на кој сме ги исполниле очекувањата. Тимската работа. Успешно исполнување на зададените цели во работата.

Опиши се себе си со 3 збора…

Одговор: Позитивен, одговорен и упорен.

Дали знаеш да подготвиш некој специјалитет?

Одговор: Печено јарешко, а од десерт чиз кејк.

Која е твојата способност успешно да работиш под притисок?

Одговор: Организација на времето, поставување приоритети, фокусирање на моментална задача. Притисокот се трудам да го прифатам  како предизвик и се разбира добар одмор во вечерните часови.

Дали имаш хоби на кое си посветен по работното време?

Одговор: Прошетки  со фамилијата, возење велосипед во природа и читање книги.

Која  е тајната формула за постигнатиот успех во работата?

Одговор: Мислам дека нема тајна формула, но има докажани начини да се зголемат шансите за успех во било која работа и тоа:

  • Секогаш постави си јасни, реални и мерливи цели пред себе за она што сакаш да го постигнеш во работата. Биди истраен и  трудољубив.
  • Грешките не ги земај како неуспех туку како искуства од кои можеш да научиш за да се подобриш.
  • Подршка од тимот: работа со колеги во кои верувам и веруваат во тебе, отворена комуникацијата со претпоставените менаџери, достапност до потребни обуки и информации.  
  • Глад за успех е секогаш добра движечка сила кон патот за успех и
  • Среќа никогаш не е на одмет.

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...