spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Исчистени 20 тони отпад

Кисела Вода: Исчистени 20 тони отпад

Во заедничка акција на службите на Општина Кисела Вода и ЈП “Комунална хигиена”, денес се чистеше општина Кисела Вода.

 

Од утрото, триесетина сезонски работници го собираа  комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници. Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на Дрисла. Собрани беа вкупно 20 тони отпад.

Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи. Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот. Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Мицкоски: Нема да дозволам поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и...

0
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале како Влада е алармантно...