Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 525 730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466 130 тони јаглен и 97 117 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Извор: Државен завод за статистика