Второ место на ЕП и директен пласман на СП кое ќе се одржи во Бали, Индонезија во месец декември е резултатот на македонскиот петочлен тим во Е-спорт.
Ристе Нелоски, Стефан Станојковски, Горан Мамуровски, Игор Стојков и Александар Ивановски во 70-минутна борба, за влакно го изгубија златото од Украина, во конкуренција на 17 земји и 85 учесници.
Агенцијата за млади и спорт организираше прием по повод одличниот пласман на македонскиот тим, кој од самото официјализирње на Е-федерацијата ниже само успеси.
Директорот Наумче Мојсовски им додели плакети за остварениот резултат потенцирајќи дека Агенцијата за млади и спорт е секогаш со оние кои ја промовираат нашата држава во најдобро светло.
Извор: Агенција за млади и спорт