Еден од најдобрите српски ватерполисти, носител на светски и европски медали, како и на две олимписки бронзи, Никола Раџен беше во посета на Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски се најде на иста линија, кога е во прашање она за што е целта на посетата на Раџен: Учество во заеднички проекти кои ќе имаат за цел „ Развој и омасовување на пливачкиот и ватерполо-спортот”.
Заедничката соработка ќе овозможи пренесување на огромното искуство на српскиот ватерполист.
Извор: Агенција за млади и спорт