Директорката на Упрвата за јавни приходи, Сања Лукаревска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ, како што појаснија потписничките, ќе се унапреди меѓуинституционалната соработка а ќе се овозможи и јакнење на финансискиот и даночниот систем, кои се носечки столбови за економијата.
Директорката на УЈП, Лукаревска, појасни дека преку ваквите соработки, се јакнат капацитетите на двете институиции а се креира и солидна основа УЈП и КХВ, партнерски да се справуваат со даночното затајување и пазарните манипулации.
Претседателката на КХВ, Алити, појасни дека со склучувањето на Меморандумот, се операционализираат повеќе сегменти на содејствување преку заедничко вложување а се создадат услови за градење на соодветни политики за носење на оддржливи одлуки, се со цел, модернизација на финансискиот и даночниот сектор.
Лукаревска и Алити, истакнаа дека практичната примена на оваа соработка почнува веднаш, се со цел, брзо создавање на услови за подобрување на бизнис климата модернизирани и транспарентни услуги кои ќе придонесат кон раст и развој на инвестициските можности и подобрување на бизнис климата од кои бенефит ќе имаат субјектите како даночни обврзници и инвеститори
Извор: Управа за јавни приходи