HomeОпштиниБогданци: Времен режим на сообраќај при реконструкција на државен пат Р1109, делница...

Богданци: Времен режим на сообраќај при реконструкција на државен пат Р1109, делница Обиколница

spot_img
spot_img

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека во текот на наредната недела ќе се започне со подготвителни активности заради реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза.

Предметната локација на патот од наведената делница ќе се третира како градилиште во кое ќе се реконструира истата, и ќе биде затворена за сообраќај, додека  сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улица Маршал Тито во Богданци. Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира и воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“), се до целосно завршување на градежните активности.

Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте