Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР, ја реализираше исплатата по основ на допоплнителни директни плаќања за градинарски и овошни култури, предадени во преработувачки капацитети.
Висината на финасиската поддршка за директните плаќања кај овие две подмерки изнесува 3 денари по килограм, за предадено производство на градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.
Вкупно кон 3.942 производители на градинарски култури, кои своето производство го предале во преработувачки капацитет е исплатена финансиска поддршка од 230 милиони денари.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури, корисници од подмерка 1.4, а кои оствареното производство го предале во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 – 25 декември 2021 година, вклучувајќи ги и корисниците кои произведените градинарски култури ги искористиле за потребите на сопствениот преработувачки капацитет – запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Исплата за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.7, за овошни култури предадени во преработувачки капацитети е извршена кон вкупно 178 производители на овошни култури, со исплатена финасиска поддршка од над 16 милиони денари.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следниве овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви, и се корисници од подмерка 1.7, а кои оствареното производство на овошје го предале во преработувачки капацитети за овошје директни или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година – 25 декември 2021 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Посветено продолжуваме да креираме мерки и политики за поддршка на земјоделците, да имаат стабилно и квалитетно производство, поголем принос на домашно производство предадено во домашни капацитети.
Извор: Влада