spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Реконструиран коловозот на патниот железнички премин Дељадровци-Мршевци, отпочната реконструкција...

Илинден: Реконструиран коловозот на патниот железнички премин Дељадровци-Мршевци, отпочната реконструкција на преминот Миладиновци- Бујковци

Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“ , го реконструираше  коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци .

Коловозот е реконструиран  со елементи од рециклирана гума,  според највисоки стандарди  кои овозможуваат лесно  и безбедно поминување на железничката пруга.

Реконструкцијата заврши во предвидениот рок и е прва од вкупно трите патни премини кои се реконструираат во Општина Илинден.

Започна и реконструкцијата на патниот железнички премин Миладиновци – Бујковци, кој во моментот е затворен за употреба се до целосно завршување на работите.

Општина Илинден по завршувањето на реконструкцијата на патниот железнички премин во Миладиновци, ќе отпочне и со реконструкција на преминот Илинден.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...