Врз основа на Решение бр. 20-1212/2 од 19.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2(двајца) етвинери за учество на еТвининг семинар во Љубљана, Словенија
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 2 (двајца) еТвинери, кој ќе заминат на семинар, под наслов : „ Училиште за еднаквост и инклузија „кој ќе се одвива од 01-03 декември 2022 во Љубљана, Словенија
Кој може да аплицира?
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Лицето да е регистрирано на еТвининг порталот
– Лицето да работи со ученици од 6-14 возрасна категорија
– Лицето да е вработено во основно училиште
Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки
Трошоците за пат и сместување се покриени од страна на Националната агенција за европски обрзовни програми и мобилност
Начин и рок за аплицирање?
Повикот трае до 25.10.2022 година, 16.00 часот. Кандидатите е потребно да достават на електронската пошта mila.protuger@na.org.mk:
- еТвининг портфолио или Кратка Биографија
- Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност