Градоначалникот Митко Јанчев денеска ја прими делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса ДИР, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци.
Меѓу присутните беа заменик градоначалникот на Општина Буча г-дин Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада Владимир Вербицки, раководителот на оддел за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча г-дин Виталии Томниук и Претседателот на Здружението на украинци во Македонија Александар Урбанович.
Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина.
Средбата покрај ова беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини.
Извор: Општина Кавадарци