HomeОпштиниГостивар: Средното општинско медицинско училиште со нова фасада

Гостивар: Средното општинско медицинско училиште со нова фасада

spot_img
spot_img

Во средното општинско медицинско училиште  беше промовирана новоизвршената надворешна фасада.

 

На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека општината и во услови на криза издвоила средства за образовната инфраструктура.

 

„Оваа инвестиција со средства од општина Гостивар и самото училиште, во ова време на енергетска криза, беше повеќе од потребна. Новата фасада со енергетска ефикасност, покрај заштедите што ќе ги донесе на училиштето, го прави овој објект со современ естетски изглед. Се грижиме за образовната инфраструктура бидејќи таму учи иднината на градот“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

 

Образованието во основните и средните училишта во Гостивар останува еден од главните приоритети на општина Гостивар.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија