Во рамки на активностите за одбележување на октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, вчера во општина Кисела Вода се одржа средба меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Марија Кукуноска, директор за развој на КС- Сервис ДОО Битола и претставникот од истата компанија, Александра Војнески.
а овој работен состанок, на кој зедоа учество и Претседателот на Советот, како членови на Комисијата за еднакви можности на Кисела Вода, беа договорени повеќе настани и активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за ракот на дојка, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.
-Општина Кисела Вода активно се вклучува во борбата против оваа подмолна болест, заедно со компанијата КС Сервис ДОО Битола со донирање на 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија. Со овој чекор, пред се’, сакаме да им пружиме, поддршка на нашите сограѓанки кои моментално се лекуваат и да им порачаме дека не се сами во нивната борба. Оставаме контакт телефон на кои тие слободно можат да не’ контактираат и се надеваме дека ова ќе им биде помош за полесно да го минат процесот на рехабилитација-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Перничињата за пост-мастектомија се специјално дизајнирани за да им помогнат на пациентките да заздрават после оперативниот зафат. Доволно е да се сместaт под рака и дел од градите и им помагаат тие да се чувствуваат заштитено и поудобно од појасот во автомобил, при пазарење, а обезбедуваат и заштита при извршување на нивните секојдневни обврски. Заинтересираните жени кои имаат потреба од вакво перниче можат да се јават на телефонскиот број 075/316-981.
Извор: Општина Кисела Вода