spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Формиран новиот локален совет за превенција

Кисела Вода: Формиран новиот локален совет за превенција

Во присуство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставници на СВР Скопје и ПСОН-Кисела Вода, како и претставници од ОБСЕ, вчера беше конституиран локалниот совет за превенција при Општина Кисела Вода.

 

 

На настанот збор зеде градоначалникот, кој воедно е претседавач со ова тело. Истото, ќе има за цел да работи на зголемување на безбедноста на територијата на оваа општина.

-Сакам да ви се заблагодарам на сите за денешното присуство и да назначам дека формирањето на новиот локален совет за превенција, во голема мера ќе помогне во намалување на криминалот во општина Кисела Вода и ќе ја унапреди безбедноста во пошироката заедница.

Во изминатата година помината на градоначалничката позиција во Кисела Вода имав можност од близу да ги детектирам проблемите од безбедносен карактер преку информациите од граѓаните, преку нивите поплаки и барања, но и преку тесната соработка со полициските станици од општа надлежност лоцирани во општината и со СВР Скопје. Добро дефинираните предизвици ќе бидат појдовната точка од која ќе ја креираме стратегијата и акциониот план за сите отворени прашања од областа на безбедноста. Локалниот совет за превенција ќе помогне во градењето на доверба и партнерски односи меѓу граѓаните и институциите и ќе ја подобри нивната меѓусебна комуникација. Оттука, заштитата на животот, имотот и личната сигурност на граѓаните, спречувањето на вршење на кривични дела и прекршоци и откривање на нивните сторители, одржувањето на јавниот ред и мир ќе бидат во фокусот на нашето делување, а посебен акцент ќе се стави врз превенцијата на девијантните појави кај младите лица, учениците во општинските основни училишта. Убеден сум дека заедничката комуникација и заемното и успешно решавање на тековните проблеми кои се провлекуваат низ годините ќе доведе до еден нов идентитет на Кисела Вода, како безбедно место за живење и работа за сите наши граѓани, истакна градоначлникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Локалниот совет за превенција 17 брои членови од различни институции. Од Општина Кисела Вода, покрај градоначалникот како претседавач, членуваат и Претседателот и неколку советници од Советот на општината.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...