spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Директорот Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштај

АМС: Директорот Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштај

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан кој беше придружуван од германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

На средбата директорот Мојсовски го запозна Сарацин со актуелните младински политики и иницијативи во државата, како и за предизвиците кои не очекуваат наредниот период. Мојсовски потенцираше дека Агенција за млади и спорт е релевантен партнер на младите луѓе и дека тие ја имаат целосната институционална поддршка, но исто така кажа дека како институција агенцијата активно придонесува во работата и развојот на RYCO како производ на Берлинскиот процес и ќе продолжи во иднина да дава придонес во афирмација на RYCO и приближување до младите.

Сарацин ја нагласи важноста и потребата младинското учество да се зголемува и да овозможува младите да бидат вклучени во процесите и ги поздрави иницијативите и политиките за млади кои се спроведуваат во Република Северна Македонија.

 

На средбата присуствуваа и Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ од Канцеларијата на Претседателот на Владата кои кажаа дека Владата посветува сериозно внимание и силно ги поддржува младите во процесите на донесување на одлуки и ги поттикнува да бидат креатори на нивната сегашност и иднина.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...