spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Претставници на Коалиција „Менуваме” на средба во Агенција за млади и...

АМС: Претставници на Коалиција „Менуваме” на средба во Агенција за млади и спорт

Менуваме е формирана 2016 година како здружение на граѓани, кое пред две години станува организиран правен субјект, кое се бори за правата на лицата со попреченост.

Коалицијата во својот состав има преку 1600 членови, кои го посветуваат своето внимание на борба за правата на лицата со попреченост во сите области на живеење.

Голем број активно учествуваат во системот на натпревари организирани под капата на Национална Спортска Федерацијата за слепи лица која е главно финансирана од Буџетот на државата преку Агенцијата за млади и спорт.

 

Суарет Алишан, како претставник на коалицијата беше примен од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, на која средба беше дискутирано за начинот на прераспределба, како и системско решение во врска со искористеност на средствата кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува на посочената федерација.

Мојсовски потенцираше дека сите субјекти кои имаат информации за незаконско трошење на средства наменети за Националните спортски федерации и други правни субјекти кои вршат дејност спорт да ги достават во вид на преставка до Агенција за млади и спорт-Одделение за инспекциски надзор во спортот и Сектор спорт за расчистување на ваквите состојби.

-Во интерес на сите е поддршката која државата ја обезбедува во име на спортот да биде правилно искористена и да стигне онаму за каде е наменета. Во спротивно Агенцијата за млади и спорт ќе ги искористи сите средства за проверка на начинот на реализација, како  и финансиските извештаи на сите субјекти од областа на спортот.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте