Македонските претставници во брзински мотоциклизам Синиша Кочоски и Христијан Бузалкоски се новите Европски шампиони. Кочоски кој е дел од МК Сајлент хантерс е апсолутен победник во Ф1000, во која категорија во вкупно 12 одржани трки од април до октомври годинава се натпреваруваа над 70 учесници.
Бузалкоски е апсолутен победник во категоријата Ф600, каде настапуваа 49 натпреварувачи. И двајцата мотоциклисти ги држат рекордите во своите категории.
На последната трка која се одржа во Серес, Грција ја имаа поддршката од огромен број македонски навивачи, кои дополнително придонесоа за неверојатниот успех на нашите најдобри мото тркачи.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски порача да се одржи фокусот на натпреварите, а останатото е работа на Мотоциклистичката федерација и Агенцијата.
Во присуство на претседателот на федерацијата Зоран Трајковски, двајцата мотоциклисти потенцираа дека ова е првпат Агенцијата за млади и спорт да распредели средства кои ќе овозможат тркачите без размислување на финансискиот момент да можат да се фокусираат на настапите и тоа донесе резултат.
Евидентен е зголемениот интерес за овој спорт кај помладата популација, кои ги следат чекорите на Европските шампиони.
Извор: Агенција за млади и спорт