Тимот од ЈДГ”Весели Цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ.
Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.
На образовниот саем, градинката и училиштето беа презентирани на изложбен штанд со рекламен материјал, рачни изработки, мотивациони пораки, како и изданија и фотографии од реализирани наставни активности од учениците и воспитно- образовни активности со децата од градинката.
На конференцијата тимот од градинката и училиштето се здобија со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на поранешна Југославија, диплома за најоригинални мотивациони пораки како тим “МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА” и специјална награда со титула “НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА”, доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ “Весели Цветови”, преку избор на кој се учествува со реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој.
Голема е честа и привилегијата да се претставува својата татковина во регионот, а поддршката од соработниците и локалната самоуправа е од големо значење за нас, истакнаа нашите преставници. Додадоа дека нивната посветеност и успех е плод на меѓусебна поддршка, мотивација и соработка низ годините. Посебно му се заблагодарија на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој застана позади тимот и преку најразлични проекти успешно работи на унапредување на воспитно- образовниот процес.
Извор: Општина Кисела Вода