spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито

Богданци: Забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека заради реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза,  почнувајќи од денес 25.10.2022 година ќе се воведе времен режим на сообраќај на улицата Маршал Тито во Богданци. Обиколницата во Богданци ќе биде затворена за сообраќај а сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улицата Маршал Тито.

 

Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“),се до целосно завршување на градежните активности.

 

Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ја почитуваат воведената забрана со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 

 

Извор: Општина Богданци

Прочитајте