На Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, COP 27, која оваа година ќе се одржи oд 6-18 ноември 2022 година во Шарм Ел Шеик, Египет, државите ќе се здружат заради преземање на заедничката акција за остварување на глобалните климатски цели зацртани со Парискиот договор за климатски промени и Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ).
Земајќи ги предвид резултатите од минатогодишниот COP 26 во Глазгов, се очекува на овогодинешната Конференција државите да демонстрираат дека се навлезени во нова фаза на имплементација, односно дека преземаат активности за борба против климатските промени на национално и локално ниво, соодветни на нивните климатските заложби доставени во форма на национални придонеси.
Во текот на COP27, експертите ќе одржуваат бесплатни онлајн 45-минутни часови во живо, кои ќе опфатат различни теми поврзани со климатските промени. Секој онлајн час ќе може да го следат најмногу 50 учесници, а ќе биде потребна претходна регистрација. Местата ќе се доделуваат по принципот прв дојден, прв услужен, а на следниот линк ќе може да се пријавите за присуство на онлајн час по сопствен избор:
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање