МЖСПП: Бесплатни онлајн часови за климатски промени на COP 27

UncategorizedМЖСПП: Бесплатни онлајн часови за климатски промени на COP 27

Најчитано

На Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, COP 27, која оваа година ќе се одржи oд 6-18 ноември 2022 година во Шарм Ел Шеик, Египет, државите ќе се здружат заради преземање на заедничката акција за остварување на глобалните климатски цели зацртани со Парискиот договор за климатски промени и Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ).

Земајќи ги предвид резултатите од минатогодишниот COP 26 во Глазгов, се очекува на овогодинешната Конференција државите да демонстрираат дека се навлезени во нова фаза на имплементација, односно дека преземаат активности за борба против климатските промени на национално и локално ниво, соодветни на нивните климатските заложби доставени во форма на национални придонеси.

Во текот на COP27, експертите ќе одржуваат бесплатни онлајн 45-минутни часови во живо, кои ќе опфатат различни теми поврзани со климатските промени. Секој онлајн час ќе може да го следат најмногу 50 учесници, а ќе биде потребна претходна регистрација. Местата ќе се доделуваат по принципот прв дојден, прв услужен, а на следниот линк ќе може да се пријавите за присуство на онлајн час по сопствен избор:

https://cutt.ly/hNzgNl1

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе