Жителите на населба 8ми Ноември добија нов повеќенаменски парк.
Паркот е целосно ограден и осветлен со поставена вештачка трева за мал фудбал, специјализирана подлога за баскет, летниковеци и останати детски реквизити. Овој проект е во вредност од 1.500.000,00 денари, средства обезбедени од Буџет на Општина Штип.
Со градежни активности започнуваме и во други населби низ градот се со цел модернизирање и урбанизирање на Општина Штип.
Извор: Општина Штип