spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јакимовски во посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“

Карпош: Јакимовски во посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“

Ро рамки на одбележувањето на 46 годишнината од формирањето на општина Карпош, денеска, градоначалникот  Стевчо Јакимовски го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, кој е во состав на ЈЗУ Герентолошкиот завод „13-ти Ноември“.

Во пријатна атмосфера градоначалникот мина еден час во разговор со жителите на овој дом, при што им врачи и пригодни подароци со кондиторски производи и средства за лична хигиена.

–Јас ви ветувам дека покрај оваа средба денеска, во јануари, за Божиќните празници ќе направиме уште една средба со малку поголеми пакети, им порача градоначалникот Јакимовски на постарите лица кои престојуваат во оваа установа.

Дружбата ја збогатија ученици од основните училишта Димо Хаџи Димов и Петар Поп Арсов кои се претставија со неколку музички нумери.

Општина Карпош на овој начин уште еднаш ја потврди континуираната грижа што ја води за најстарите жители од својата територија.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...