Завчера се одржа вториот по ред состанок на Работниот комитет за европски интеграции – РКЕИ, со кој претседаваше државната секретарка и заменик главен преговарач со ЕУ, г-ѓа Дрита Абдиу Халили.
На состанокот Абдиу Халили информираше за статусот на пристапните преговори, односно за билатералните скрининзи кои веќе се одржани и за билатералните состаноци кои претстојат. На состанокот се посочија и обврските произлезени од билатералните скрининзи а се истакна важноста на нивното навремено спроведување.
Државниот секретар и заменик главен преговарач истакна дека процесот на транспонирање на европското законодавство и спроведувањето на европските реформи е исклучително важно да продолжи со засилена динамика со цел земјава не само да испорача резултати пред ЕУ, туку истите навремено и да се спроведат за граѓаните директно да ги почувствуваат придобивките од пристапниот процес.
Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на поткомитетите, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.