spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Воспоставувањето на соработка со Индија, ќе донесе придобивки за граѓаните на...

МТСП: Воспоставувањето на соработка со Индија, ќе донесе придобивки за граѓаните на двете држави

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Н.Е Амбасадорот на Индија, Санџаи Рана,  со седиште во Република Бугарија.

На средбата се разговараше за областите на соработка кои можат да се воспостават помеѓу двете држави, социјалната и детска заштита, работните односи, невработеноста, пензискиот систем и миграцијата.

Министерката Тренчевска го информираше амбасадорот Рана, за социјалната реформа која се спроведува од 2019 година и која донесе бројни придобивки за ранливите категории на граѓани, како и антикризните мерки кои значат поддршка за лицата на кои помошта им е неопходна во време на криза.

Таа информираше и за подготовката на новиот Закон за работни односи, кој е во финална фаза, а е во насока на унапредување на работните односи, законско решение кое се креира со вклученост на сите релевантни актери во општеството.

Амбасадорот Рана, иницираше соработка помеѓу двете држави во областа на работните односи, односно склучување на декларација за соработка во областа на трудот, за граѓаните на двете држави.

Индискиот амбасадор изрази поддршка за интегративниот процес на нашата земја во Европската Унија и уверување за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете држави.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...