spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМНР: Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе ја зајакне трансатлантската...

МНР: Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе ја зајакне трансатлантската безбедност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, што се одржува во Букурешт, Романија.

Во фокусот на разговорите беа актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна, кои предизвикуваат нестабилност во осетливите региони, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан.

Министерот Османи во своето обраќање го истакна стратешкото значење на регионите на Западен Балкан и Црното море за НАТО Алијансата, нагласувајќи ја потребата од зголемување на поврзаноста и зајакнување на партнерството во справувањето со заедничките закани.

“Безбедноста во Европа е нарушена, руската агресија врз Украина ги урна принципите кои одржуваа мир и стабилност; но НАТО навремено, цврсто и одлучно се адаптираше на новите безбедносни и политички предизвици. Немам дилема дека денес го реафирмираме ова единство, зајакнато трансатлантско сојузништво, но и одлучноста, подготвеноста и засиленото присуство овде, во регионот на Црното море, и по целото источно крило на алијансата” рече Османи.

Во рамки на состанокот, на кој учествуваа и министрите за надворешни работи на Шведска, Финска, сојузниците ја реафирмираа поддршката за Украина и украинскиот народ, а воедно ги дефинираа и следните чекори за зајакната практична поддршка. Воедно, стана збор и за политиката на Отворени врати на НАТО, при што Османи надеж за што поскоро членство на Шведска и Финска во Алијансата, со што двете држави ќе ја зајакнат сопствената стабилност, и но и значително ќе ја зацврстат улогата на одвраќање на Алијансата.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте