Чистење и нивелирање на каналската мрежа, преставува континуиран процес на работа во служба на граѓаните.
Општина Илинден и АД Водостопанство „Скопско Поле“, преку акциониот план за редовно одржување на проточност, интензивно работи на чистење на каналите, досега во рамки на заштита на имотите на граѓаните од поплави, машински исчистивме мрежа на канали во должина речиси 22.000 метри на територијата на Општината.
Во овој период, интензивно се врши машинско чистење на главна, секундарна и терцијална каналска мрежа на повеќе места во Општината.
Локалната самоуправа активно работи на чистење и нивелирање на терцијална каналска мрежа во н.м Бунарџик во должина од 900 метри, терцијална каналска мрежа во н.м Мралино во должина од 250 метри, сисавец на Главен канал на економска зона Марино-Кадино во должина од 700 метри, терцијален канал во должина од 250 метри во населено место Илинден, главен канал во н.м. Марино во должина од 4000 метри, од кои досега се исчистени 2600 метри, а до крајот на годината комплетно ќе бидат завршени работите и на овој канал.
Одржувањето на чисти канали е приоритет во работата на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека со редовното чистење и одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина и квалитетен живот на населението.
Според предвидената динамика на работа и акциониот план, во текот на месец декември ќе биде извршено машинско чистење на Ободен канал кој поминува низ населено место Марино во должина од околу 3500 метри.
Општина Илинден во целост ги покрива трошоците за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните.
Извор: Општина Илинден