spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТВ: Одржана завршната конференција посветена на безбедноста на патиштата

МТВ: Одржана завршната конференција посветена на безбедноста на патиштата

Во х. Александар Палас се одржа завршната конференција посветена на безбедноста на патиштата и мерките кои се преземаат во насока на намалување на сообраќајните незгоди и елиминирање на црните точки на патиштата.

Безбедноста на патиштата е врвен приоритет на Министерството за транспорт и врски и во таа насока преземаме значајни мерки со што обезбедуваме сигурни и безбедни патишта за патување на граѓаните.

На конференцијата се обрати министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој ги потенцираше силните заложби за унапредување на системот на  безбедноста на патиштата во државата.

„Човековиот живот нема цена. Ние како Министерство преземаме сериозни мерки во елиминирање на црните точки на нашите патишта, инвестираме сериозни средства во изградба и модернизација на патната инфраструктура, со што значително ја зголемуваме безбедноста при патувањето. Еден таков пример е експресниот пат од Штип кон Радовиш, кој веќе го пуштивме во употреба и со чија изградба дадовме силен инпут во подигнување на безбедноста при патувањето. Во овој момент градиме уште 3 експресни патиша, а даваме и поддршка на општините во рехабилитација на локалната патна мрежа преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта.“ – истакна министерот Бочварски.

Министерот Бочварски исто така напомена дека процесот за формирање на Извршно тело за безбедност на сообраќајот на патиштата е во завршна фаза и очекува Законот со кој се предлага формирање на Агенција веќе следната година да биде донесен за да се создадат услови за формирање на Агенцијата за безбедност на патиштата.

Панелист на конференцијата беше и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

„Сите мерки кои како Министерство ги преземаме недвосмислено ја покажуваат нашата сериозна посветеност во насока на подигнување на безбедноста на патиштата. Потребата од формирање на Агенцијата за безбедност на патиштата е неопходна, со што даваме поддршка на граѓаните подобрувајќи ја безбедноста при патувањето, но и очекувам позитивно да влијаеме врз економијата на државата.“ – истакна во своето излагање заменик министерот Реџепи.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...