Градоначалникот Александар Наумоски и директорката на ЈОУГД Росица, Маја Ристовска извршија увид во градежните работи за доградба објектот Детелинка во урбаната заедница Мирче Ацев.
Според динамиката на градба се очекува од септември да се отворат дополнителни 90 места за деца во објектот.
Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница. Во моментов се поставува керамика и санитарија, парното греење е во завршна фаза, следува опшивање на кровот и довршување на фасадата. Финално ќе се инсталира подот и ќе се опремат занималните.
Со доградбата се намалува листата на чекање за упис во градинка а дечињта добиваат соодветни услови за згрижување, настава и воспитување.
За трите занимални во УЗ Мирче Ацев, одвоени се 14,5 милиони денари. 11 милиони од Буџетот на Министерството за труд и социјала и три ипол милиони општински средства.
Извор: Општина Ѓорче Петров