spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Новогодишен базар ,,Патека на радоста 2023”

Илинден: Новогодишен базар ,,Патека на радоста 2023”

Општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании подготвија интересни содржини за жителите, каде од денеска до 30 декември во комплексот на Спортско рекреативниот ценар во Марино, под мотото ,,Патека на радоста” ќе се одржи Новогодишен базар.

Базарот кој за прв пат се одржува во општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании, покрај интересни подароци за претстојните празници, ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма. Жителите во наредните денови ќе имаат можност во рамки на Новогодишниот базар да уживаат во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, хуманитарна програма, детска програма, забавувачи и изведувачи, програма за секоја возраст.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...