spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Во тек е изработката на Социјалниот план на општината

Гази Баба: Во тек е изработката на Социјалниот план на општината

Дел од членовите на Социјалниот совет на општина Гази Баба вчера одржаa состанок со претставници од Ептиса, Билјана Дуковска и Сашо Јованов во рамки на Проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“ поддржан од МТСП.

 

На состанокот беа прецизирани насоки за дооформување на Социјалниот план на општина Гази Баба, предизвиците и недостатоци со кои се соочивме при изработувањето, а на крајот беа донесени и конструктивни заклучоци во насока на подобрување.

Претставниците од Ептиса беа и на средба кај градоначалникот Бобан Стефковски кои му се заблагодарија за поддршката досега, која пак придонесува за поуспешно спроведување на овој проект од областа на социјалната заштита, како и на заложбите за долгорочно имплементирање на истиот. Бенефитите од целосното спроведување се во насока на подобрување на социјалните услуги и реалните потреби на жителите на општината.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...